Словачко село со 17 жители се соочува со проблеми со туризмот: „Избришете нè од списокот на УНЕСКО, живееме како во канализација“
Во живописното словачко село Влколинец, кое е дел од светското наследство на УНЕСКО и привлекува десетици илјади туристи секоја година, тензиите меѓу локалното население и туристите се зголемуваат. „Приватен имот. Забрането влегување“, „Забрането фотографирање“ беше напишано на портата пред традиционалната дрвена куќа во Влколинец. „Дали сме во зоолошка градина?“, изјавил 68-годишниот пензионер Антон Сабуча за …

