Украле противпожарни апарати за да изгаснат пожар — претходно палеле учебници во двор на училиште во Ѓорче Петров
Непознати сторители во петокот пред разденување упаднале во основно училиште во скопската населба Ѓорче Петров, каде насилно ја оштетиле вратата од спортската сала и украле два противпожарни апарати. Апаратите им биле потребни за да изгаснат пожар во училишниот двор, каде претходно запалиле учебници што ги изнеле од училиштето. „Вчера во 13:35 часот во СВР Скопје …

