• Повреден возач

Излета возило на патот Берово – Делчево

Синоќа околу 22.30 часот на регионалниот пат Берово – Делчево, во близина на базата на „Гранит“, М.П.(45) од Делчево, управувајќи „БМВ“ со бугарски таблички изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.П. и бил пренесен во Медицинскиот центар во Штип.