• потоп

Обилните дождови предизвикаа поплави во Милано (ВИДЕО)

Невреме и обилен дожд утрово предизвикаа поплави во Милано и проблеми во сообраќајот, јавија италијанските медиуми. Обилните дождови предизвикаа излевање на реката Севесо, при што се поплавени неколку подвозници и сообраќајот беше нарушен. Според „Кориере дела Сера”, пожарникарите им помагале на луѓето кои биле заглавени во автомобилите во поплавената област.