Библиски потоп во Москва: Руската престолнина се претвори во големо езеро (ВИДЕО)

Москва денеска беше погодена од силно невреме, проследено со обилни врнежи од дожд и град.

Снимките покажуваат дека руската престолнина била погодена од вистинска поплава, а на една од многуте снимки објавени на интернет, може да се забележат автомобили како пловат по улиците како чамци.

Центарот за контрола на сообраќајот во Москва објави дека на една улица се регистрирани неколку оштетени автомобили, дека сообраќајот е целосно оневозможен и дека подземните премини се целосно поплавени.

Институтот за хидрометеоролошки работи издаде портокалов метео-аларм, кој предупредува на можна опасност. Жителите на Москва на социјалните мрежи пишуваат дека дождот паѓа толку силно што скоро ништо не може да се види.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот