Денеска се навршуваат 19 години од смртта на писателот Петре М. Андреевски, кој остави неизбришлив белег во македонската книжевност
Македонскиот поет, романописец, прозен и драмски писател Петре Мито Андреевски е роден во Слоештица на 25 јуни 1934 година. Познат како Петре М. Андреевски, се смета за еден од најталентираните и воедно најомилените автори во македонската книжевност. Неговите раскажувачки дела често носат необична и необјасниво испреплетена структура, но токму преку таа посебност воспоставуваат блиска врска …

