Ѓорѓиевски по страотното невреме: Кризниот штаб е мобилизиран, службите ќе работат цела ноќ
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се целосно мобилизирани по силното невреме што го зафати главниот град. „Заедно со Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија сме на терен“, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека сите надлежни служби се ставени во функција за брза интервенција и заштита на граѓаните. …

