• остварени

Топ 5 компании кои остварија најголема добивка на Македонската берза

Македонската берза ги објави најновите податоци за финансиските резултати на котираните компании во периодот јануари-септември, годинава. Топ пет на листата од 98 рангирани компании по остварената добивка во овој период се Стопанска банка АД Скопје (1.730.218.000 денари), НЛБ Банка (1.455.738.000 денари), Македонски Телеком (1.432.509.000 денари), Комерцијална Банка (1.300.588.000 денари) и Цементарница УСЈЕ (939.838.000 денари).