• моторни возила

Дозволен влез на товарни возила во Грција

Според добиените информации од грчките погранични служби, денеска од 12 часот, забраната за влез на сите товарни моторни возила во Република Грција е повлечена на сите гранични премини и сообраќајот се одвива непречено. МВР соопшти дека според известувањето од грчките служби, забраната беше воведена на вчера поради најава за лоши временски услови.