Министерството за здравство за „Слободен печат“: Д-р Игор Кузмановски прегледувал пациенти во „Мој Термин“ кога не му била обновена лиценцата
Доктор Игор Кузмановски од Клиниката за неврологија, кој беше експресно разрешен откако беше објавено компромитирачко видео на кое меша бела прашкаста материја – прегледувал пациенти во периодот кога специјалистичката лиценца од Лекарската комора му била истечена, потврдија за „Слободен печат“ од Министерството за здравство. Претходно од Лекарската комора потврдија дека на 15 март годинава на …

