Ирена Теодора Весевска, археолог и професор: Дигиталните технологии се важен сојузник во заштитата на нашето културно наследство
Културното наследство на Македонија со децении се соочува со многубројни предизвици, но современите дигитални технологии отвораат нови можности за негово поефикасно истражување, заштита и промоција. Во интервју за „Слободен печат“, археологот и професор на Филозофскиот факултет во Скопје, Ирена Теодора Весевска, зборува за состојбата со културното наследство, придобивките од дигитализацијата и потенцијалот на новите технологии …

