Тетовец почина во соообраќајка во родното село

Педесет и шестгодишниот И.С. од тетовското село Челопек, вчера околу 9.30 часот во родното село додека возел „голф“ од засега непознати причини удрил во паркирано возило. По незгодата, С.И. бил пренесен во клиничкиот центар во Тетово, каде им подлегнал на повредите. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.