Кинеската компанија „Борнс медикал роботикс“ за „Слободен печат” ја објаснува својата нова технологија — робот влегува низ устата без рез и отстранува тумори
Наместо хирургот да прави надворешен засек за да стигне до туморот, флексибилните инструменти на роботот се внесуваат преку устата и се движат низ тесните и закривени делови на грлото. Целта е туморот да се отстрани со што е можно помало оштетување на околното ткиво и со поголема можност да се зачуваат говорот, голтањето и дишењето. …

