• избувна

Пожар во куќа на 52-годишен жител од Тработивиште

Пожар избувна претпладнево во куќата на 52-годишниот Ѓорѓи Марков од селото Тработивиште. Екипи од Територијалната противпожарна единица од Делчево веднаш по дојавата се упатиле на терен и се уште го гаснат опожарениот дел од куќата. Очевидци велат дека пожарот најверојатно настанал поради неисправна електрична инсталација.