Мултимедијалниот музичко-поетски перформанс „Културна кауза“ ќе се одржи на „Скопско лето“
Во Музејот на град Скопје на 11 јули, со почеток во 20:30 часот, ќе се одржи мултимедијален музичко-поетски перформанс насловен „Културна кауза“. Мултимедијалниот музичко-поетски перформанс „Културна кауза“ е проект на македонскиот музичар и продуцент Никола Стојковски („ФИН Проект“) со неговите соработници, актерот Игор Трпчески, пијанистката Билјана Петровска и Орхидеја Дукова како вокал. Публиката ќе има …

