ВИДЕО: Терор во центарот на Грозни: Убиени се двајца полицајци и екстремистот

Двајца припадници на полицијата беа убиени во престрелка во јужниот руски град Грозни, главниот град на Чеченија, а напаѓачот е елиминиран, јави ТАСС, повикувајќи се на неименуван извор во полицијата. „Според прелиминарните информации, двајца полицајци се убиени во рестрелка за време на нападот во Грозни“, рече изворот. Екстремистот е елиминиран, додаде изворот.