Во Велешкиот театар почнаа пробите за претставата „Инферно“ во режија на Дејан Пројковски
Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес ги почна пробите за претставата „Инферно“, според „Пеколот“ од Данте Алигиери, а во режија на Дејан Пројковски. Покрај режисерот Пројковски, авторскиот тим на претставата го сочинуваат: Олга Панго како кореограф, Валентин Светозарев како сценограф, Раде Василев како костимограф, Горан Трајкоски како автор на музиката за претставата, асистентка на …