ФОТО | Дац и Александар ја промовираа првата грамофонска плоча: „Уште ми фалиш“ ја направивме да биде црвена, како бојата на љубовта
Во топла и пријателска атмосфера популарното дуо Драган Спасов – Дац и Александар Митевски ја промовираше првата заедничка грамофонска плоча „Уште ми фалиш“. Овој винилен првенец е реализација на идејата на Дац, кој, како што самиот вели, израснал „на плочи“. Самиот настан помина во знакот на нивната препознатлива енергија со многу љубов, музика и поддршка …

