• бит

Приведен продавач на Бит Пазар: На тезга распослал 21.524 пиротехнички средства

Полициски службеници од СВР Скопје вчера на Бит-пазар го лишија од слобода Р.А. (33) од Скопје, кој е затекнат како на импровизирана тезга продавал поголема количина разновидни пиротехнички средства. Како што соопшти МВР, пронајдени и одземени се 21.524 пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот, против Р.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.