ВИДЕО | Земјотрес со јачина од 7,1 степени ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами
Силен земјотрес со прелиминарна магнитуда од 7,1 степени ја погоди денеска јапонската префектура Кумамото на југот од земјата, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (JMA). По земјотресот, издадено е предупредување за цунами поради можни бранови високи до еден метар. Јапонската влада издаде вонредни предупредувања за земјотрес за префектурите Кумамото, Нагасаки, Кагошима, Фукуока, Сага, Оита и Мијазаки, сите …

