ФОТО+ВИДЕО | Кинеската компанија „Аерофуџија“ за „Слободен печат“: Планираме да го продаваме летечкото такси и во Европа
Кинеската компанија „Аерофуџија“, која работи во рамките на технолошката групација „Џили“, планира своето летало АЕ200 да го понуди и на европскиот пазар откако ќе ја заврши постапката за сертификација. Конечната цена сè уште не е утврдена, но според првичната проценка, едно летало би чинело повеќе од два милиони долари, велат од компанијата за „Слободен печат”. …

