Што е изворот на заразата поради која вчера во болницата во Гостивар на преглед се јавија 150 пациенти со дијареја и повраќање?
Инфектолози и епидемиолози во болницата во Гостивар со кои разговараше „Слободен печат“ велат дека испитуваат што се случува и зошто последните три дена нагло е зголемен бројот на пациенти кои бараат помош во болницата поради цревни заболувања, со симптоми на дијареја и повраќање. Неофицијално, како што со „Слободен печат“ сподели епидемиолог од болницата во Гостивар, …

