ТАА ГО ПРЕЖИВЕАЛА ЧЕРНОБИЛ: Две недели не знаевме што се случило, а по 6 месеци почна пеколот! (ВИДЕО)

Украинката Јанина Скарлет имала само три години кога се случила чернобилската катастрофа.
Нејзиниот роден град од Чернобил е одалечен нешто помалку од 300 километри, па жителите претрпеле огромни последици.

-Не се сеќавам добро на самото случување, но знам дека сите околу мене беа збунети по експлозијата. Кога конечно дознавме што се случило, збунетоста прерасна во голема загриженост, откри таа.

Дури две недели подоцна дознавме што се случило.

-Дури кога другите држави открија дека нешто не е во ред, владата не извести за ситуацијата и ни препорача третмани со јод за да се намали шансата за потенцијални здравствени компликации поради радијацијата. До тогаш веќе сите со недели бевме изложени на радијација. Излегувавме на отворено, јадевме овошје и пиевме вода, сето тоа не труеше. Шест месеци подоцна, луѓето почнаа да се разболуваат, а јас бев меѓу нив, опишуваа таа.

Последиците од радијацијата ги трпи и денес. Имунолошкиот систем и е толку оштетен па и поради најмала настинка мора да оди во болница. Освен тоа има напади, мигрена и крварење од нос.

Нејзиното семејство по несреќата успеало да добие азил во Америка, па Јанина растела во Њујорк, но, како што вели, ни таму не и било лесно. Врсниците, вели, ја исмејувале и и велеле дека е радиоактивна, а на 16 години, кога го гледала Икс-мен, филмот кој се занимава со мутанти, и се променил животот.

-Беше како да се гледам себе, сакав да им се приклучам. Тоа беше прв пат да сфатам дека не сум жртва, туку борец. После тоа се запишав на психологија, а денес сум психолог специјализиран во користење на суперхерои и други фиктивни ликови за да им помогнам на луѓето да се соочат со своите трауми, открила таа.

Признава дека уште и е тешко да зборува за тоа. Кога видела дека почнала да се емитува серија за чернобилската катастрофа, и тоа и паднало тешко.

-Беше тешко и болно да се гледа. Кога видов како во серијата некои луѓе не ја сфаќаат сериозноста на ситуацијата дури и кога ги гледаат луѓето како умираат од радијација, ме потсети на хорорите низ кои минуваа многу наши луѓе, рекла таа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот