СзС: Упадот во ТВ Наша е доказ за двојните стандарди на власта околу медиумите

Опозицискиот Сојуз за Србија (СзС) денеска го осуди „упадот на извршителите и полицијата во ТВ Наша”, оценувајќи дека тоа е „уште еден доказ за двојните стандарди на власта кога се медиумите во прашање и фактот дека власта ќе направи сè додека не ги замолчи сите слободни медиуми или додека не ги стави под своја контрола”.

СзС во соопштението оцени дека ТВ Наша е „една од ретките телевизии што има храброст да одвои време за различно мислење и на опозицијата за спротивставување на режимот на Александар Вучиќ”.

-Потсетуваме на фактот дека на сатанизацијата на политичките противници, цртањето мета на Оливер Ивановиќ и постојаната кампања што се спроведува на ТВ Пинк, им претходеше простувањето на еден од најголемите даночни долгови во Србија, на розовата (ТВ Пинк) телевизија, се вели во соопштението.

Реагираа и од Двери, наведувајќи дека ова е веќе третпат ТВ Наша да биде „изложена на отворени притисоци”.

Потпретседателот на Двери, Југослав Кипријановиќ, оцени дека „оваа власт така ја замислува слободата на медиумите – кога на некоја телевизија гостуваат претставници на опозицијата, тогаш им се испраќаат извршители и полиција на врата”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот