СЗО: Секој десетти човек во Европа ќе биде заразен со Ковид-19 до крајот на оваа недела

ковид-19 болниц
Фото: EPA-EFE/DIMI CHAROUSIS

 Еден од десет луѓе во европскиот регион на СЗО ќе биде заразен со Ковид-19 до крајот на оваа недела, изјави регионалниот директор на организацијата Ханс Клуге на брифинг.

– Минатиот месец предупредивме дека до почетокот на 2022 година би можеле да бидат загубени уште половина милион животи доколку не преземеме итни мерки, рече тој.

– Помина еден месец и починаа уште 120.000 луѓе, а во регионот има уште 10 милиони случаи на Ковид-19. До крајот на оваа недела, секој десетти човек во европскиот регион ќе биде заразен со Ковид-19, што ќе биде потврдено со лабораториски тестови, додаде Клуге.

Со наближувањето на крајот на годината и сезоната на празници, смртните случаи регистрирани од Ковид-19 достигнаа високо ниво од околу 4.100 смртни случаи дневно, што е двојно повеќе од 2.100 смртни случаи на ден на крајот на септември 2021 година, рече тој. Пред само две недели, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во 53 земји во регионот надмина 1,5 милион.

– Процентот на регистрирани случаи е зголемен во сите возрасни групи, со најголем процент во возрасната група од 5 до 14 години, рече Клуге.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот