СЗО ја преиспитува веродостојноста на американските разузнавачки податоци за пандемијата

Profimedia

Питер Дасак, еден од експертите на Светската здравствена организација (СЗО) кои престојуваат во Кина во мисијата за истражување на потеклото на коронавирусот во Вухан, денеска во прашање ја доведе веродостојноста на американското разузнавање за пандемијата.

„Не потпирајте се премногу на американските разузнавачки служби”, напиша Дасак на Твитер.

Коментарот, според француските медиуми, уследи по изјавата на портпаролот на Стејт департментот во која САД се дистанцираат од првичните наоди на експертите на СЗО.

Меѓународниот тим кинески експерти и од СЗО вчера соопштија дека не е пронајдено животното од кое потекнува коронавирусот и дека немаат индикации дека вирусот бил присутен во кинескиот град Вухан многу пред да биде откриен.

Експертите, исто така, оценија дека хипотезата дека коронавируспот „избегала” од лабораторијата е „крајно неверојатна”.

Првите случаи на коронавирусот беа регистрирани во декември 2019 година во Вухан, а епидемијата потоа се прошири низ цел свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот