СВР Скопје поднесе кривична против Британец, кој хакирал и измамил македонска фирма

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.Н.Н. (36) од Велика Британија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „оштетување и неовластено влегување во компјутерски систем“.

Пријавениот, во текот на ноември 2019, заради прибавување противправна имотна корист, неовластено влегол во туѓ компјутерски систем со менување на вистинските банкарски податоци во електронска  комуникација помеѓу правно лице од Скопје и правно лице од САД, доведувајќи го во заблуда одговорното лице Т.М., за извршена нарачка на дијагностичка опрема, наместо на вистинската банкарска сметка да изврши плаќање на парични средства во износ од 10.503 евра на банкарска сметка која била во сопственост на пријавениот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот