Светски економски форум: Ќе исчезнат милиони работни места

Едно од четири работни места ќе се смени во следните пет години, покажува истражувањето на работодавците објавено денеска од Светскиот економски форум (СЕФ), организацијата позната по својот годишен форум во Давос, Швајцарија.

Ќе се отворат околу 69 милиони работни места, а 83 милиони ќе бидат елиминирани до 2027 година, се вели во извештајот, што ќе резултира со нето пад од 2 отсто на сегашната вработеност, според извештајот „Иднината на работните места“.

Истражувањето се базира на податоци од речиси 800 компании со повеќе од 11 милиони вработени и користи податоци за 673 милиони работни места. Технологијата и дигитализацијата предизвикуваат и отворање работни места и губење на работни места, се вели во резимето на истражувањето.

„Напредокот во употребата на технологијата и зголемувањето на дигитализацијата ќе предизвикаат значителни пресврти на пазарот на трудот“, се вели во извештајот. Автоматизираните улоги, како оние на банкарските шалтери и другите канцелариски работници, ќе бидат постепено укинати, а побарувачката за специјалисти за вештачка интелигенција и сајбер безбедност се очекува значително да се зголеми, стои во извештајот, пренесен од Катимерини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот