Светска банка со прогноза: Македонија со пад на БДП од 2,1 отсто годинава, Хрватска со најголем пад во регионот

Светска банка излезе со својот најнов извештај во кој ги соопшти прогнозите за бруто-домашниот производ во земјите од Западен Балкан меѓу кои и за Македонија.

Според предвидувањата БДП во регионот на Западен Балкан оваа година ќе биде помал од 3,2 отсто, додека економското закрепнување ќе има раст од 4,6 проценти.

За Северна Македонија, СБ прогнозира пад на БДП за оваа година од 2,1 отсто и економско закрепнување од 3,9 отсто следната година.

Прогнозата на Светска банка се заснова на верувањето дека довербата на потрошувачите и деловната доверба ќе бидат обновени, бидејќи влијанието на пандемијата на Ковид-19 ќе слабее, а политичката нестабилност ќе остане под контрола.

Во поглавјето посветено на Западен Балкан се наведува дека понатамошното заострување на глобалните услови за финансирање може значително да ги зголемат трошоците за сервисирање на долговите, а тоа претставува посебен ризик во земји со високо ниво на долгови или големи потреби за надворешно финансирање, пред се во Албанија, Хрватска и Црна Гора.

Најголем економски пад во регионот на Западен Балкан во 2020 година е предвиден за Хрватска – 9,3 отсто, додека следната година растот на хрватската економија треба да биде 5,4 проценти.

Црна Гора оваа година ќе се соочи со пад на БДП од 5,6 проценти, а растот следната година би изнесувал 4,8 отсто.

Босна и Херцеговина ќе има пад на БДП од 3,2 отсто, додека следната година растот треба да достигне 3,4 проценти.

Падот на БДП на Албанија ќе достигне пет отсто оваа година, а закрепнувањето следната година ќе биде 8 проценти. Наведено е и дека епидемијата со Ковид-19, како и неодамнешниот земјотрес, негативно ќе влијаат на туризмот во Албанија.

Бугарија годинава ќе има пад на економијата од 6,2 проценти, а Романија за 5,7 отсто, додека предвидениот раст следната година е 4,3 проценти за Бугарија и 5,4 отсто за Романија.

Според најновиот извештај на Светската банка (СБ) падот на бруто-домашниот производ на Србија во 2020 година ќе изнесува 2,5 отсто, додека економското закрепнување 2021 година ќе биде изразено со раст на БДП од 4 отсто.

Во својот најнов извештај, СБ прогнозира пад од 5,2 отсто на глобалниот БДП во 2020 година и долготрајна длабока рецесија што може да има трајни негативни ефекти врз помалите инвестиции, ерозијата на човечкиот капитал заради изгубените работни места и образованието, како и фрагментацијата на глобалната трговска поврзаност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот