Светска банка: Хрватска пред длабока рецесија

Оваа година дефицитот на буџетот на Хрватска да достигне до осум отсто од БДП, а јавниот долг ќе изнесува речиси 84 проценти од БДП.

Најновите податоци на Светска банка, по влошувањето на пандемијата со корона вирусот, укажуваат дека Хрватска е на пат кон длабока рецесија. Во извештајот се проценува дека хрватскиот БДП оваа година ќе забележи пад на минус 6,2 отсто, додека стапката на невработеност ќе порасне над девет отсто.

Банката очекува оваа година дефицитот на буџетот на Хрватска да достигне до осум отсто од БДП, а јавниот долг да изнесува речиси 84 проценти од БДП.

– Негативните движења од почетокот на годината значително ги променија изгледите за 2020 година. Откако во 2019 година беше постигнато ниво на БДП како тоа пред кризата во 2008 година, Хрватска сега е на пат кон длабока рецесија, се вели во податоците на Светската Банка кои ги пренесува „Хина“.

Исто така се проценува дека туризмот во Хрватска и извозот ќе бидат тешко погодени, со оглед на забраните за патување како и на успорувањето на активностите поради мерките кои се преземаат за спречување на ширењето на корона вирусот кај главните трговски партнери, пред се Италија, но и останатите членки на еврозоната.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот