Светот соочен со ковид, го одбележува Меѓународниот ден на подготвеност за епидемии

Антонио Гутереш/Фото: EPA-EFE/PASCAL BITZ / WEF HANDOUT MANDATORY CREDIT / HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Пандемијата на Ковид-19 не е последна за човештвото, треба да се подготвиме за следната, напиша на Твитер генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш по повод 27 декември – Меѓународниот ден на подготвеност за епидемии.

Генералното собрание на ОН во 2020 година го прогласи 27 декември за Меѓународен ден на подготвеност за епидемии.

– Ковид-19 нема да биде последната пандемија со која ќе се соочи човештвото. Додека се бориме со оваа здравствена криза, мора да се подготвиме за следната. На Меѓународниот ден на подготвеност за епидемии, да се фокусираме на ова прашање и да му ги дадеме вниманието и инвестициите што ги заслужува, напиша Гутереш.

Пандемијата е епидемија од големи размери што може да зафати цела земја, неколку соседни земји и континенти. Се карактеризира со многу голем број на засегнати луѓе (до неколку милиони) и долго траење (од една година до десетици години). Некои пандемии со најразорни последици имаат специфични имиња: на пример, Јустинијанова чума (VI век, за време на владеењето на императорот Јустинијан I), пандемија на чума од XIV век – Црна смрт, пандемија на грип од XX век – Шпанската чума.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот