СУПЕРДЕДО, на 96 години без проблем трча 5.000 метри – Слободен печат
ОстанатoСпорт

СУПЕРДЕДО, на 96 години без проблем трча 5.000 метри

Рој Енглерт стана најстариот човек кој успеал да истрча 5.000 метри.

Американецот Рој Енглерт е вистински супердедо, тој иако е длабоко навлезен во десеттата деценија од животот, тој сè уште активно трча и е редовен учесник на трките на 5.000 метри.

Енглерт на УСАТФ Мастерс шампионатот делницата од 5.000 метри ја истрча за 42 минути и 30 секунди и за дури осум минути го собори рекордот кој 10 години пред него го постави Франк Левин. Енглерт со 96 години стана најстариот човек кој ја истрчал делницата од 5.000 метри, а воедно го собори рекордот на Левин во категоријата на тркачи над 90 години.

Интересено е што и со 96 години, Рој Енглерт продолжува да се натпреварува на трките и признава дека два до три пати неделно трча по два километри на подвижна лента или на улицата во која  живее. Кога ќе се приближи денот за настап на трките, тој трча три до четири километри.

Бидејќи во неговата возрасна категорија, тркачи со 90 и повеќе години, нема многу натпреварувачи, редовно Енглерт трките ги завршува сам.

– Забавно ми е. Не е воопшто забавно додека трчате, но сигурно е кога ќе заврши трката. Да бидам искрен ова е пеколно тешко за многу мои врсници – вели Енглерт.

Иако за многумина тој е вистински херој и инспирација, самиот супердедо, не се гледа така.
– Не се сметам за инспирација. Јас сум спор тркач, но претпоставувам дека сум ги надживеал речиси сите. Многу е полесно да се победува кога немате конкуренција – додава Рој Енглерт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close