Судот одреди казна за демначот на Софија Вергара: 5 години забрана за приближување

Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Актерката Софија Вергара издејствувала судска пресуда – забрана за приближување во траење од 5 години за маж кој тврди дека има „романтична и семејна врска со неа и нејзиниот син“.

Вергара, најпозната по улогата во серијата „Модерно семејство“, поднесе барање за забрана за приближување за себе и синот Маноло минатиот месец, откако тврдеше дека Грегори Арон Браун (34) повеќепати се движел во близина на нејзиниот дом во Лос Анџелес, пишува „Скајњуз“.

Во документите стои и дека Браун во ноември и испратил „вознемирувачко писмо“ во кое рекол дека има намера да ја најде и да биде со неа.

„Тој се занимаваше со следење и вознемирување, што сериозно ме нервира и вознемирува“, изјави Вергара.

„Постојаното, агресивно и вознемирувачко однесување и пораките на Браун се крајно вознемирувачки и ми предизвикуваат постојана анксиозност и емоционална вознемиреност“, додаде актерката.

Браун, исто така, беше осуден за вандализам во врска со имотот на Вергара во 2021 година, и му беше изречена затворска казна од 32 месеци.

Во средата, судијката Кристин Џеј Гононг го одобри барањето на адвокатот на Вергара за максимална забрана од пет години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот