Студент-херој спасил најмалку десетмина млади од пеколот на пругата во Грција

Фото: protothema.gr

Страотната железничка несреќа која ја шокира Грција и регионот однесе повеќе од 40 животи, но низ црните вести се појави и објава на Фејсбук од лекарка од Универзитетската болница во Лариса, Ери Цијастуди.

Според докторката, 20-годишен студент бил вистинскиот херој по ужасниот судир на двата воза – тој сам успеал да го скрши стаклото од вагонот во кој се возел и да спаси најмалку десетмина млади луѓе.

Студентот Андреас Аликаниотис излегол речиси неповреден од вториот вагон и пркосејќи ѝ на опасноста од огромниот оган кој горел покрај него, бестрашно се впуштил во спасување, пишува „Прототема“.

„Иако денес небото беше исполнето со ангели, ние имаме среќа меѓу нас да имаме ангел на земјата, 20-годишниот студент Андреас Аликаниотис, кој излезе речиси неповреден од вториот вагон. Тој е херој затоа што ризикувајќи го својот живот, со огромен оган покрај него, не го напушти вагонот сам, туку самиот успеа да го скрши стаклото и да спаси уште најмалку десетина деца, момчиња и девојчиња. Во денешниот мрачен ден Андреас ни покажа дека новата генерација Грци има добрина, принципи и морал! Честитки за мојот убав Андреас, честитки за родителите кои те воспитале!“, пишува лекарката во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот