Струмичката ММА борачка Нина и нејзината свршеница добија ќерка (ФОТО)
Американската ММА борачка Нина Ансароф со потекло од Струмица, деновиве роди здраво девојче со вештачко оплодување.
Нина со нејзината вереница, Бразилката Аманда Нунес, која важи за голема ѕвезда во ултимејт фајт, се заедно веќе подолго време.
Тие лани oдлучиле дека сакаат да добијат дете, а пред некој ден желбата конечно им се исполни откако Нина на свет донесе здраво девојче.
Интересен е фактот што вистинското презиме на Нина е Ансарова, нејзините баба и дедо се од Македонија, поточно од Струмица.
Струмичанката Нина има 34 години, таа е родена во САД и затоа настапува како Американка.