Столтенберг на одвоени средби со Вучиќ и Курти во Брисел

Јенс Столтенберг и Александар Вучиќ/ Фото EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг в среда во седиштето на воената алијанса во Брисел ќе разговара со претседателот на Србија Александар Вучиќ, а потоа и со премиерот на Косово Албин Курти.

Како што информираше НАТО преку соопштение за медиумите, Столтенберг прво ќе се сретне со Вучиќ, по што во 15 часот и 30 минути ќе одржи заедничка прес-конференција.

Курти, коментирајќи ги очекувањата од претстојната средба во Брисел рече дека тема на дијалогот треба да биде правно обврзувачки договор за нормализација на односите, со взаемно признавање на Косово и Србија.

Вучиќ најави дека ќе биде во Брисел на 17 и 18 август и дека ќе разговара со генералниот секретар на НАТО Столтенберг, како и дека ќе учествува во дијалогот со Приштина.

Разговорите во седиштето на НАТО ќе се одржат само еден ден пред почетокот на новата рунда дијалог меѓу Косово и Србија, со посредство на Европската Унија.

Средбите на претседателот на Србија и на премиерот на Косово со шефот на НАТО доаѓаат речиси три недели по тензиите на северот на Косово, кои се зголемија по одлуката на Владата во Приштина за пререгистрација и лични документи. Имено, одлуката за издавање документ за влез-излез при влез на државјани на Србија на територијата на Косово, како и пререгистрацијата на српските таблички со ознаките на градовите во Косово, предизвика силно противење на Србите на север и заострување на односите меѓу Приштина и Белград. Србија веќе 11 години применува идентична одлука за влез на граѓаните на Косово во Србија, потсетува РТК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот