Стојковски: Мораме да го молиме Пандев, да одиме со него и на Светско!

Фото: facebook.com/FudbalskaReprezentacija

Репрезентацијата на Македонија ја совлада Германија во третото коло од квалификациите за Светското првенство и така ја оствари најголемата победа во историјата.

Поранешниот македонски репрезентативец и легендарен играч на Црвена звезда, Митко Стојковски вели дека овој успех не е случаен.

– Еуфоријата е голема. Медиумите, луѓето на улица и во кафулиња, сите само зборуваат за тоа. Да не беа коронавирусот и полицискиот час, сигурен сум дека народот ќе излезеше на улиците да ги пречека хероите на нацијата. Селекторот Игор Ангеловски направи одлична тактика и оствари голема победа, најголема за нашиот фудбал. Да бидеме јасни, Германија е сепак фаворит за првото место. Но, веруваме дека можеме барем да одиме во баражот, а потоа и на Светското првенство во Катар – рече стрелецот на легендарниот победнички гол на Звезда во 100 вечно дерби.

Воедно посакува на тој мундијалски пат да биде и нашиот најискусен репрезентативец, Горан Пандев:

– Горан најави дека после Европското првенство ќе ја заврши репрезентативната кариера. Ние мораме да го молиме да остане, да пробаме да одиме на Светско, па потоа нека заврши. Важен е играчки, но и како појава во соблекувалната.

Има харизма, искуство, и што е најважно, квалитет. Тој човек сè освои, желба му беше да направи успех со Македонија и се надевам дека ќе успее. За него можам да зборувам само во суперлатив – се зборовите на Стојковски за „Информер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот