СТО избира генерален директор, наследник на Роберто Азеведо

Наследникот на Азеведо ќе се соочи со предизвиците –реформирање на СТО, преговори во момент на растечки протекционизам, длабоката рецесија предизвикана од пандемијата со Ковид-19.

Светската трговска организација (СТО) покрена постапка за избор на нов генерален директор, кој ќе го замени Бразилецот, Роберто Азеведо, кој заминува од функцијата на почеток од август, една година пред истекот на мандатот.

Изборот на нов шеф на СТО обично трае девет месеци, но сега тоа ќе биде спроведено за три месеци. Новиот генерален директор, според непишано правило се избира со консензус, а гласањето се користи само како крајно средство.

Меѓу номинираните кандидати до сега нигериската економистка Нгози Окоњо-Ивеал, претседателка на одборот на Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ), потоа Хесус Сеаде, висок претставник на мексиканското Министерство за трговија и поранешниот египетски трговски преговарач и поранешниот функционер на СТО, Хамид Мамдоух.

Наследникот на Азеведо ќе се соочи со предизвиците –реформирање на СТО, преговори во момент на растечки протекционизам, длабоката рецесија предизвикана од пандемијата со Ковид-19 и трговски тензии, пред се помеѓу САД и Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот