Стил на неделата: Лидија Георгиева, модна дизајнерка

Силвија Михајловска – Алшар, модна дизајнерка за „Женски печат“ одбра стил на неделата, а според неа тоа е нејзината колешка, модната дизајнерка Лидија Георгиева. 

– Лидија Георгиева, една од моите омилени колешки, ме освои „од прва“ не само поради нејзините прекрасни колекции и богато и импресивно работно портфолио, туку и поради нејзината непосредност во комуникацијата и острината и страста за работата што и двете ја работиме. Како припадничка на супкултурата во осумдесеттите, дополнително ги освои моите симпатии! Остра и бескомпромисна кога зазема став, но истовремено бескрајно нежна во нејзините креации, создавач на соништа, романтична и префината во секое парче што го создава.

Лидија Георгиева

Креациите се со карактеристична силуета од дваесеттите години, а нејзин личен печат се рачно везени и плетени детали што ги користи и како мотив во своите принтови имплементирани на парчиња облека и луксузни предмети за домот. Вонреден талент кој добива француска стипендија да студира моден дизајн во Париз, по препорака од Кристијан Лакруа, а своето знаење го надоградува со работа во познати француски модни куќи, како асисент во Балман, во Рошас и други. Во 1999 година создава сопствен бренд што се продава во Франција, Англија, САД, Јапонија, и кој го носат многу познати личности, меѓу кои и Мадона! Исклучителни постигнувања со кои не може да се пофали ниеден македонски дизајнер. Магистрирала на Факултетот за ликовни уметности, област графика. Тоа што дополнително ме воодушевува е што таа е посветен професор, предава на Технолошко-металуршкиот факултет, им пренесува огромно знаење на своите студенти и истовремено работи на уште многу други проекти, костими за многу театарски претстави, модерен танц, филм и дизајн на предмети за внатрешно уредување, вели Силвија Михајловска – Алшар, модна дизајнерка.

Лидија е вонреден талент, таа доби француска стипендија да студира моден дизајн во Париз, по препорака од Кристијан Лакруа, вели Михајловска.

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот