Стефанова тврди: Јанева ми се закануваше дека ќе ми прати новинари дома

„На никаква тема сум немала разговор со Бојан Јовановски“, рече обвинителката Лиле Стефанова на денешното рочиште за „Рекет“.

Катица Јанева ми се закануваше дека ќе ми прати новинари дома, ми забрануваше да коментирам објави на „Ла Верита“ и да давам изјави. Лично не го знам Бојан Јовановски. Знам од други дека често доаѓал во СЈО, дури не го ни претресувале.

– На никаква тема сум немала разговор со Бојан Јовановски – рече обвинителката Лиле Стефанова на денешното рочиште за „Рекет“.

Таа рече дека истрагата за предметот „Поштенска банка“ бил отворен врз еден експлицитен телефонски разговор.

Таа рече дека Жарко Луковски бил сведок во случајот „Империја“.

Тој според Стефанова бил осомничен само во предметот „Базни станици“.

– До февруари Катица Јанева ништо не се интртесираше за Јордан Камчев. Само се интетесираше само за Цветан Панделески. Знам дека судот му го одби барањето на Панделески за враќање на пасошот, а тој во април поднесе уште едно барање. Ми се јави Јанева, ми рече да дадам позитивно мислење и после дознав дека тој добил времена патна исправа – рече Стефанова.

На еден работен состанок, рече Стефанова, Катица Јанева ѝ рекла:

– Ти Лиле да му го дадеш пасошот на Орце Камчев. Ни рече да направиме проценка на штетата, таа да се плати и така да се затвори предметот. Јас бев вознемирена. На колегата Гаврил Бубевски му кажав дека ќе си поднесам оставка и јавно пред медиумите ќе ја образложам оставката. Во мај месец стручната соработничка ми се јави и ми кажа дека треба да напише одобрение за времен пасош за Јордан Камчев. Јас одбив да слушам и не сакав ништо да знаам за тоа. Барањето за пасошот на Камчев му го потпиша колешката Елизабета Јосифовска, а дека му е даден пасошот видов кога тој се појави на еден спортски настан – рече Стефанова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот