Старица (81) со торбичка на врат во Белград продавала хероин, избегна притвор поради староста

Руска Полиција Фото: МИА

Истиот ден е уапсен за продажба на хероин и нејзиниот внук.

Пензионерка (81) од Белград која е уапсени под сомненеие дека била вмешана во трговија со дрога која, наведно подолго време се одвивала во нејзиниот стан, „паднала“ со торбичка на вратот, во која имало одредено количество хероин.

На старицата не и е одреднео полициско задржување, поради годината на старост, како и болеста. Сепак против неа е поднесена кривична пријава за нелегално производство и трговија со наркотици, која ќе оди по редовна постапка, пренесуваат Новости.

Истиот ден, кога полицијата ја уапси бабата, во нивни раце „падна“ и М.Ј. (31), инаку нејзин внук, кој живеел со неа во станот на Звездара и кој исто така се товари за производство и продажба на дрога.

При апсењето, полицијата кај него пронајде 30 грама хероин и 3.500 евра. М.Ј. во текот на денот ќе биде приведен на сослушување во надлежното обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот