Стампедо на фестивал во Њу Орлеанс

Фото: МИА

Неколку лица се повредени во големата турканица на фестивалот „Лил ВизиАна фест” (Lil WeezyAna Fest) во Њу Орлеанс, во организација на раперот Лил Вејн.

Настанот се случи во саботата навечер, а толпа од околу 15 000 луѓе двапати се туркала и почна да бега за време на настапот на Микс Мил.

Полицијата сè уште не знае што точно го предизвикало стампедото, но се шпекулира дека гласини за наводно пукање предизвикале паника кај луѓето.

Не е познато точно колку лица се повредени, а локалните медиуми објавија дека повредените заработиле гребнатини и модринки и дека им била укажана лекарска помош на местото на настанот.

Полициските службеници на должност на фестивалот изјавиле дека не чуле никакви истрели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот