„Стампа“: Договорот со „Астра-Зенека“ и „Џонсон и Џонсон“ нема да биде продолжен

Европската комисија донесе одлука да не ги обновува договорите за вакцини против ковид-19 со компаниите „Астра-Зенека“ и „Џонсон и Џонсон“ за следната година.

Веста ја пренесе италијанскиот весник „Стампа“, повикувајќи се на извор од италијанското Министерство за здравство.

„Европската комисија, во договор со водачите на многу земји на ЕУ, одлучи да склучи договор со компании кои произведуваат вакцини (вирусен вектор), кои важат за тековната година, и нема да бидат обновени по истекот на рокот“, пишува весникот.

Се додава дека Брисел претпочита да се фокусира на вакцините против ковид-19 кои користат mRNA технологија, како што се вакцините „Фајзер“ и „Модерна“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот