ССМ бара итна седница на Советот на Град Скопје за случувањата во „Водовод и канализација“

Градоначалничката Данела Арсовска и понатаму останува „глува“ и недостапна за преставниците на работниците, знаејќи дека в.д директорот на ЈП „Водовод и канализација“, е лице осудувано со правосилни судски пресуди за кривични дела, затворска казна и дијагноза од психијатар, па затоа од денеска што и да се случи во претпријатието, вината и одговорноста ќе биде на градоначалничката Данела Арсовска.

Ова е ставот на репрезентативниот синдикат за комунални дејности СУТКОЗ при ССМ , од каде бараат итна и неодложна седница на Советот на Град Скопје, а од советниците помош и заштита од сериозната состојба во која се наоѓа ова јавно претпријатие.

Затоа, уште денес писмено му се обраќаме и го повикуваме претседавачот на Советот Трајко Славевски да свика итна седница на Советот на градот Скопје и да обезбеди присуство на градоначалничката Данела Арсовска како и присуство на сите советници – се вели во соопштението од Синдикатот.

Оттаму додаваат дека претседателството на СУТКОЗ денес во 13 часот одржува седница на која со сигурност ќе биде потврдена Одлуката за штрајк во ЈП „Водовод и канализација“, а уште утре  ќе бидат известени Министерството за труд и социјална политика за определување лиценциран помирувач согласно Законот за мирно решавање на работните спорови, а писмено предупредување ќе биде доставено до Управниот одбор и в.д директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Советот на Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот