Српска мисица загина во страотна сообраќајка, од ударот во камион почина на самото место

Мирјана Стојановиќ, фото: Инстаграм

Српската мисица Мирјана Стојановиќ (34) загина во тешка сообраќајна несреќа што во петокот се случила на патот Прахово-Шимановци, кога со својот „голф“ се судрила со камион. Трагедијата се случила во петокот околу девет часот, а жената починала на лице место. Починатата Мирјана своевремено беше Мис фотогеничност на Србија и финалистка на изборот за Мис на Србија 2007 година.

– Од засега непозната причина Мирјана со возилото се судрила со камион и им подлегнала на повредите. Екипата на Брзата помош се обидела да ја реанимира, но, за жал, можеле само да констатираат смрт – вели соговорникот на Курир.

– Мисица во моментот на несреќата била сама во автомобилот, а наводно утрото отишла во викендицата да се подготви за семејната слава. Сообраќајот на овој дел од патот бил запрен неколку часа додека траел увидот, а истрагата ќе утврди како дошло до трагедијата.

Веста за смртта на Мирјана Стојановиќ ги шокираше нејзините пријатели и семејството, а нејзиниот емотивен партнер Александар Аврамов за „Курир“ изјави дека „се распаднал по веста дека таа починала“.

– Требаше заедно да одиме во викендицата што ја имаме во Обрез, а се разделивме во петокот околу осум часот наутро. Таа отиде пред мене да подготви за славата летен Свети Никола. Ја замолив да почека да одиме заедно, бидејќи имав некои обврски во банка, но таа сакаше да купи се што и треба за слава и рече дека ќе ме чека таму. Како нешто да ми кажуваше да не оди сама – вели Аврамов и додава: – Кога дојдов во викендицата, ја немаше. На главниот пат нешто се асфалтираше и таа заобиколила кон Прахово и таму починала. Тој пат инаку и е непознат. Удрила во камион, вели тој.

Александар додава дека Мирјана и тој биле во врска една година.

– Таа е мојот живот. Пред тоа го изгубив синот, а сега и неа! Таа беше мојата сила, а јас бев нејзина. Не се разделувавме  24 часа – вели неутешниот човек и објаснува дека за несреќата дознал од таткото на Мирјана. -Ми се јави татко ѝ, откако го известила полицијата. Отидов на местото на нејзиното страдање, а претходно бев во Институтот за судска медицина во Нови Сад – додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот