Средба Орбан-Вучиќ: Се виде дека ЕУ нема заедничка здравствена политика

Вучиќ рече дека го замолил Орбан за дополнителна поддршка за Србија на нејзиниот европски пат, иако тоа е скоро невозможно затоа што „тие нè поддржуваат секогаш и во секоја можност”.

Српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешната средба во Белград оценија дека нивните држави ја победиле и ја добиле првата битка со коронавирусот.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на прес конференцијата изјави дека за време на епидемијата, сите се увериле дека ЕУ нема заедничка здравствена политика, но, посочи дека очекува ЕУ да биде поуспешна во однос на ова прашање во втората фаза од борбата со епидемијата.

– Во првата фаза не можевме да сметаме на поддршка од ЕУ. Видовме дека сите членки на ЕУ се зафатени со своите проблеми и координацијата не функционираше. Во втората фаза очекуваме ЕУ да биде во подобра позиција и поуспешна во борбата против Ковид 19 – кажа Орбан.

Прочитајте и...  Песков: Веруваме дека Париз не го обелоденил разговорот Путин-Макрон, бидејќи тоа е кршење на дипломатските права

Тој изјави дека 120 авиони дошле во Унгарија од Кина со медицинска опрема.

– Сега започнува втората битка, тоа е економијата и ние ќе продолжиме да зборуваме за тоа денес – рече Орбан, додавајќи дека изградбата на брзата железница Белград-Будимпешта се одвива со сè побрзо темпо, дека соработката со Кина многу значи, и потсети дека се работи на изградба на гасоводот.

– Му благодарам на Орбан што имаше храброст да влеземе во борба со ветерниците од минатото и да ја градиме иднината, и успеавме во тоа – оцени Вучиќ, во заедничко обраќање со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Вучиќ рече дека го замолил Орбан за дополнителна поддршка за Србија на нејзиниот европски пат, иако тоа е скоро невозможно затоа што „тие нè поддржуваат секогаш и во секоја можност”.

Прочитајте и...  „Кога ќе се вратам во Црна Гора некој мора во затвор, или Ѓукановиќ или јас“

– И кога другите размислуваат што да кажат, тие секогаш имаат добар збор за Србија – кажа Вучиќ.

Тој изјави дека со Орбан разговарал за ситуацијата во регионот и го информирал за сè што се случува таму, како и за ситуацијата во Косово, за „разговорите што ги очекуваме, за односот на големите сили за тоа прашање”.

Прочитај повеќе

Европска агенција за основни права: Ромите живеат 10 години помалку од другите Европејци

Слободен печат

Почина Жилиет Греко, икона на француската шансона

Слободен печат

Протест во Грција: Блокираа автопат во знак на револт за сместување на мигранти во локален хотел

Слободен печат

ММФ укажува: Години ќе бидат потребни за економска санација на последиците од ковид-19

Слободен печат

Џон Јовановиќ: Почнува нова ера во односите меѓу Србија и САД

Слободен печат

Курц: Откажан годишниот бал во виенската опера поради ковид-19

Сашко Димовски

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Фаучи: Светот ќе се врати во нормала до крајот на 2021 година

Слободен печат

Мицкоски: Бараме независен јавен обвинител и одговорност за незаконски прислушуваните разговори

Слободен печат

Бектеши ги охрабрува приватните компании: Следете ја етничката застапеност како во јавниот сектор

Слободен печат

Несреќа во Нигерија: Експлодира камион-цистерна, меѓу 23. загинати има и деца

Слободен печат

Белоруската полиција со водени топови растерува илјадници демонстранти во Минск (видео)

Слободен печат

Старт на судски процес на обвинителка контра опозиција: Рускоска претрпела душевна болка од изборните спотови на ВМРО-ДПМНЕ

Слободен печат