Србин и Босанец се судриле на автопатот „Пријателство“, Босанецот е тешко повреден

Фото: МИА / илустрација

Во сообраќајна несреќа на автопатот кај Петровец, тешко е повреден мотоциклист од Босна и Херцеговина, соопшти МВР. Тој се судрил со автомобил возен од српски државјанин.

„На 14.08.2022 во 12.10 часот на автопатот „Пријателство”, во близина на клучка Петровец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Ауди А6″, со српска национална ознака, управувано од М.Н. од Р.Србија и мотоцикл „Хонда” со национална ознака на БиХ, управуван од В.М. (38) од БиХ. Во несреќата возачот на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза”“, велат од полицијата.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот