Србија го освои првото место, Ѓоковиќ ја одушеви публиката! (ВИДЕО)

фото: твитер

Тенисерите на Србија ја завршија првата фаза со три победи и во во Сиднеј ја чекаат најдобро второпласираната селекција од сите останати групи.

Тениската селекција на Србија со победата над Чиле од 2:1 го потврди првото место во групата „А“ во рамките од АТП купот во Бризбејн (Австралија).

Во сингл конкуренцијата поените ги обезбедија Душан Лајовиќ против Николас Хари (6:2, 7:6) и Новак Ѓоковиќ против Кристијан Гарин (6:3, 6:3).

Во дубл мечот без никакво резултатско значење Никола Чачиќ и Виктор Троицки загубија од Хари и Алехендро Табил со 6:3 и 7:6.

Тенисерите на Србија ја завршија првата фаза со максимални три победи и во четвртфиналето во Сиднеј ја чекаат најдобро второпласираната селекција од сите останати групи.

Ѓоковиќ кој донесе клучен поен повторно беше во центарот на вниманието, прекина едно интервју, па на српски јазик им се обрати на навивачите.

– Ви благодарам уште еднаш што дојдовте, што ни ја давате поддршката, ве сакаме многу, ви благодарам многу – беа зборовите на Ноле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот