Срби, Турци и Албанци биле најбројни странски туристи во Македонија во јануари

Попова Шапка
Попова Шапка / Фото: МИА

Србите, Турците, Албанците, Бугарите, Грците и Косоварите биле најчести странски гости во Македонија во јануари 2022 година, соопшти денеска Државниот завод за статистика, кој oбјави дека во Македонија во тој месец имало вкупно 39.335 туристи.

Од нив, 52.9 отсто се домашни туристи, а 47.1 отсто се странски.

Бројот на ноќевањата изнесува 87.107, од кои 56.5 отсто се од домашните туристи, а 43.5 отсто од странските туристи.

Вкупниот број на туристи во јануари 2022 година, во однос на јануари 2021 година, е зголемен за 40 отсто, а бројот на ноќевањата е зголемен за 33.9 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот