Сплит: Со нож влегол во ноќен клуб и избодел четири лица (ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ)

Полицијата во ноќен клуб во Сплит пронашла четири повредени машки лица, а недалеку од нив и агресивен маж со нож кој ги нападнал, пренесува Индекс.хр.

Според овие информации, полицијата морала да користи и солзавец и средства за врзување за да го уапси лицето, кое е осомничено дека ги повредило мажите.

Како што дознава Слободна Далмација, конфликтот се склучил во ноќен клуб, а еден од повредените бил припадник на интервентната единица на полицијата, кој не бил на дожност во тој момент.

Полицијата за ова дело го уапсила 42-годишниот Х.Ш. од Сплит.

Фото: Фејсбук

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот